Стил на неделата: Супер ефективни пролетни изданија на Хајди Клум

Добивај вести на Viber

Со истите чевли и чанта, супермоделот Хајди Клум претстави два различни и многу интересни пролетни стајлинзи.

Убавата Германка блеска во петтата деценија, и секако нејзините комбинации отсекогаш биле внимателно избрани и во согласност со актуелните трендови во светот на модата.
А тоа беше случај и сега!

Првиот ден Хајди е фотографирана кога пристигна во ТВ студиото во Лос Анџелес, а стајлингот во кој пристигна е повеќе од интересен! Доминира ефективната јакна во неон-зелена боја, која веќе е хит на пролетта, додека со „обичните“ парчиња, како бела маица и фармерки успеа да постигне лежерен изглед.

Следниот ден, моделот се одлучи за бел монохроматски изглед! Носеше бел комбинезон, а се одлучи за истите модни детали од претходниот ден.

И за двата стила, таа одбра предимензионирана бела торба и чизми до глужд.

извор:stil.kurir.rs

фото:profimedia