Ја загуби битката со животот, ама нејзиното срце ќе продолжи да чука: Исполнета желбата на 42 годишна пациентка да се донираат нејзините органи

Огромната човечка хуманост во денови на падемија продолжува да биде светла точка во животот на многумина.

Гест кој е невозможно да се опише и кој станува се почест во нашето здравство ќе продолжи три животи.

Експертите од клиниките за Кардиохиругија и Урологија денес ја исполнуваат желбата на 42 годишна пациентка која ја загубила битката со животот а нејзина последна желба била да ги донира органите.

Трансплантацијата на срцето и бубрезите е завршена рано утринава.

Органите на починатата пациентка ги добиваат тројца пациенти. Нејзиното срце ќе продолжи да чука во градите на  пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа.

Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.