Тешко забременив поради болеста: Искрено со Нора Шаќири

Добивај вести на Viber

Нора Шаќири-Марковиќ и нејзиниот сопруг Марко, во моментов ги живеат најсреќните денови. Нора, која е познато ТВ лице и новинар, сега вработена во Министерството за култура, е во четвртиот месец од бременоста. За Женски магазин, Нора искрено раскажа дека кога дознала дека е бремена, таа и најблиските биле збунети и заплакале од среќа. Нора открива дека била исплашена дека можеби желбата да стане мајка ќе ѝ се оствари побавно, поради проблемите со тироидната жлезда со кои се бори долги години.

„Влегувам во четврти месец за некој ден, уште не знам што носам, секој со своите желби, но само Бог знае што нѝ подарил. Кога дознавме, реакцијата беше збунувачка, солзи радосници па приземјување..Со оглед на фактот дека јас боледувам од хашимото тироидеа, некако можеби потешко одеше оваа приказна, но се разбира, во ниту еден момент не кренавме раце, и ете се случи токму кога решивме да се опуштиме. На крајот од денов, ова е божја работа. Тој реши дека сега јас и Марко треба да станеме родители“, ни раскажа модерната трудница Нора.

Таа вели дека нејзиното семејство и најблиските биле пресреќни кога ја слушнале убавата вест. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која едвај чека да стане тетка на бебето на нејзината најдобра пријателка Нора.

„Моите беа пресреќни, особено браќата. Сепак, за првпат ќе станат вујковци. Мајка ми конечно се опушти дека и нејзиното најмало ќе стане мајка, а семејството на Марко е посебна прииказна. Кај нив е прво внуче, па тоа е тоа е друга димензија, прва радост“, додава Нора.

Низ насмевка,таа вели дека сопругот, кој е музичар не ја разгалува во овој период.

„Не сакам да сум од оние трудници што се крајно „распекмезени“ без потреба и се однесуваат како да се болни. Функционираме како и до сега, јас работам без престан, одам на службени патувања, не сум застаната. Прекрасно се чувствувам, никогаш подобро, само што повеќе спијам, а сето останато е нормално“, вели Нора и додава дека за подготовки за бебето е се уште рано.

„Прво да го дознаеме полот па потоа ќе видиме. Како и да е подготвени сме и со искуство, сепак јас сум тетка на пет внуци“, раскажа Нора за внуците од браќата Бени и Денис кои се нејзината најголема љубов. 

М.Џаровска