„Тоалета која вреска: Гледајте во мене“: Еве во што се појави Ким Кардашијан на венчавката на Парис Хилтон

Добивај вести на Viber

Зад Ким Кардашијан и Парис Хилтон стои долгогодишно пријателство полно со скандали. Благодарение на Парис, Кардашијан дошла на идеја да го сними реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“.

Таа завчера беше видена на венчавката на богатата наследничка на семејството Хилтон, во креација која го одзема здивот.



Тазе разведената Ким Кардашијан дојде во црн фустан на Рик Овенс, со екстремно отворено деколте и широко здолниште, облечена во црни тесни чизми кои целосно и ги покриваа нозете.



Долгата црна коса ја собрала во ниско опавче со долга плетенка, а на ушите носела црни алки.


Очите ги истакнала со драматична шминка, а во рацете имаше црна мини чанта.

Сите се согласуваат дека со овој потег Ким го привлече вниманието на себе и дека нема личност што не ја забележала старлетата на гламурозната свадба!


Фото: Инстаграм