ТУРИСТИЧКИТЕ ДЕСТИНАЦИИ ПРАЗНИЧНО ИСПОЛНЕТИ, како до повеќе резервации во вонсезонскиот период?

Охридско струшката ревиера повоторно со максимална исполнетост деновиве. Вообичаено деновите околу втори август се бара легло повеќе на охридското крајбрежје, како во хотелите, така и кај приватнто сместување.

Шпицот на сезоната доведе до зголемен број туристи како на охридското крајбрежје, така и во другите македонски летни туристички дестинации. Но, она што е значајно за долгорочноста на угостителскиот сектор е исполнетота на летните дестинации во текот на целата сезона, но и надвор од сезоната.

Упатените укажуваат оти до крајот на месец август има задоволителен интерес, но и задоволително ниво на резервации, а слични вибрации имаат и за месец септември.

- Сметаме дека овој месец ќе биде солиден. Голем дел од капацитетите се букирани до крај на месецот. Имаме капацитети кои се букирани и со 90 отсто, некои 80, а некои 70 проценти. Затоа сметаме дека состојбата е добра. Има укажување дека кај приватното сместување има послаб интерес од минатата година, но сепак и кај нив интересот и резеравациие се солидни. Вообичаено деновите пред и по 2 август има многу концерти закажано на охридската ревиера што придонесеува за многу поголем интерес за сместување како во хотелите, така и во приватните капацитети и однапред се букира – објаснува првиот човек на ХОТАМ, Крсте Блажевски.

Блажевски за Фактор потенцира дека се очекуваат гости и туристи и во месец септември, со напомена дека се менува типот на туристи кои доаѓаат. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash - Bojan Bogdanovski