Убава вест: Нашата Викторија победи! Ја надмина злокобната болест и конечно е дома


Уште една убава и позитивна вест неделава. Оздраве и се врати дома малата Викторија од Гевгелија. Девојчето кое се лекуваше и во Македонија и во Турција. Мајка ѝ Мери, се заблагодари на сите добри луѓе и медицинските лица кои со љубов си ја завршиле работата.

Драги хумани пријатели, чест и задоволство ни е да ве известиме дека битката што ја водиме 1 година ја издвоивме со Viktoria (победа) благодарение на сите вас. Јас и целото мое семејство сме благодарни на сите што помогнавте да се излечи нашата ќерка Викторија. Слава на Бога Викторија е добра, се вративме денес од Турција. Ви благодариме на сите кои ве имаше во многу голем број, и што видовме дека и на денешно време има се уште добри луѓе....... почнувајќи од почетокот на лекувањето па се до крај. Процесот на лекување беше доста долг, тежок и критичен, но заврши со успех. Исто така, голема благодарност до сите лекари и медицински сестри во Македонија и Турција кои одговорно и со љубов си ја завршија работата. Господ да Ве благослови сите со радост многу поголема од нашата.



Фото: Фејсбук - Мери Костадинова