Уште една трагедија за Шерон Стоун: Прво ѝ почина внуче, а сега животот повторно ѝ зададе тежок удар

Холивудската дива Шерон Стоун објави драматична вест на Инстаграм

Шерон Стоун деновиве ги обиколи европските градови и блескаше на гламурозни настани, но едвај чекаше да се врати кај семејството кое ја чекаше дома во Лос Анџелес. Покрај трите сина, со холивудската дива живее и нејзината мајка Дороти. Но, следбениците на познатата актерка беа прилично загрижени бидејќи таа објави драматична вест на „Инстаграм“.

- Молете се за Дороти Мери Стоун, мајка ми, која синоќа имаше нов мозочен удар.

View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Мама Стоун, витална дама која има 88 години, пред неколку месеци заврши во болница поради здравствени проблеми, а Шерон не се одвојуваше од неа. За среќа, се се заврши добро.

Таа ја напушти клиниката ден пред да се појават мемоарите на ѕвездата од „Ниски страсти“ во книжарниците. Првата, почесна копија и припадна токму неа. Покрај Шерон, која најмногу личи на неа, Дороти има уште три деца: ќерката Кели и синовите Патрик и Мајк.

Семејството летово доживеа голема трагедија кога почина синот на Патрик, единаесетмесечнаиот Ривер.


Фото: Инстаграм/Шерон Стоун

Внукот на Шерон Стоун почина, но како е можно да му ги донираат органите кога тие му откажаа?