Внукот на Шерон Стоун почина, но како е можно да му ги донираат органите кога тие му откажаа?

- Во неговата смрт, тој даде многу поголем придонес за овој свет отколку што повеќето од нас направија во животот - рекоа родителите на момчето

По тажната објава на Шерон Стоун дека нејзиниот внук Ривер починал непосредно пред неговиот 1 -ви роденден, на 30 август, семејството на актерката ја збуни јавноста објавувајќи дека органите на детето се донирани, и дека тој спасил дури три животи.

Имено, таткото на момчето, односно братот на познатата актерка, Патрик, како и неговата сопруга Таша, ја објавија веста за донирање органи на Инстаграм страницата на Центарот за закрепнување и едукација за донирање органи (CORE).

- Тој беше нашиот мал шегобиец, нашето бебе, нашиот мал гурман. Сега Ривер стана и херој - започнаа.

- Во смртта, тој даде далеку поголем придонес за овој свет отколку што повеќето од нас направија во животот. Тој докажа дека најкраткиот живот може да биде најзначаен. Како донатор на органи, Ривер спаси три животи - рекоа тие.

Сепак, тие не објаснија како, по целосното откажување на органите, малиот Ривер успеал да ги донира своите органи.

На веб-страницата „Донирај живот“ пишува:

„За да може лицето да стане донатор на органи, крвта и кислородот мора да течат низ органите за да се обезбеди одржливост. Ова бара лице да умре под околности што доведоа до фатална повреда на мозокот, обично поради тешка траума што резултира со крварење, оток или недостаток на кислород во мозокот".

Да потсетиме, Шерон сподели видео со колаж од неговите фотографии на Инстаграм по смртта на детето.



Фото: Инстаграм/ Шерон Стоун