Утринско кафе со Ана Мијалчева: Задоволство ми е работата во компанија која ги препознава вредните и амбициозни карактеристики на поединците

Деновите од работната недела ми започнуваат релативно рано со најубавата прегратка на целиот свет, со мојата радост – ќерка ми Ивана.

Веќе подолг временски период утринското кафе го конзумирам со исцеден лимон и тоа ми дава енергија за целиот работен ден. Во работните денови првото утринско кафе е резервирано за моите колешки со кои секој ден е различен и исполнет.

Посебна чест и задоволство ми претставува работата во Короациа Осигурување – Живот, опкружена сум со позитивни и вредни колеги со кои работниот ден поминува брзо и продуктивно. Компанијата ги препознава вредните и амбициозни карактеристики на поединците и секој труд е награден и се вреднува, едноставно “Добро е да си дел од Кроациа”.


Моите карактерни особини се упорност, посветеност и амбициозност.

Најголема мотивација ми е целото мое семејство, особено сопругот и ќерката кои ме поддржуваат и охрабруваат секогаш да бидам уште поуспешна.
Викендите ми се омилениот дел од неделата, бидејќи сум “спанка“ по природа и тогаш денот ми започнува подоцна со кафе спремено од мојот сопруг.


За викенд покрај времето кое што сакам да го поминувам со семејстото, годините ме научија да се опкружувам со одбран круг на пријатели кои ме исполнуваат со позитивна енергија.

Посебно задоволство и релаксација ми претставува времето поминато со внуците, со кои иако сме различни генерации, секогаш ме учат и потсетуваат што е вредно во животот.


Ана Мијалчева-Координатор за грижа на корисници и наплата во Кроациа Осигурување – Живот