Утринско кафе со Даниела Михајловска: Со задоволство го посветувам времето на квалитетни вечери со поширокото семејство или со пријатели

Добивај вести на Viber

Како почеток на денот, утрото за мене започнува со тренинг, што ми обезбедува енергија и фокус во мојата работа каде прецизноста и посветеноста се основата за задоволни пациенти. По завршувањето на тренингот, уживам во првото утринско кафе, и тоа често на пат кон мојата ординација. Сакам да го пофалам мојот тим, кој честопати ме изненадува со омиленото кафе, за креирање на опуштена и пријатна атмосфера пред почетокот на работниот ден.

Мојата мотивација произлегува од професионалните успеси и постојаното развивање и унапредување во мојата област на стоматологија и естетика. Задоволството од бели, здрави и убави насмевки кај бројните задоволни пациенти константно ме поттикнуваат да работам со посветеност, енергија и да воведувам новитети кои ги очекуваат пациентите. 

Моите дневни планови и обврски вклучуваат работа со моите пациенти по распореди и термини, консултации и совети со пациентите за нивниот најдобар избор за одржување на оралното здравје и естетика која е многу барана кај жените и девојки, како и постојано усовршување на техниките и методите за работа како во Македонија, но многу често и надвор од земјата. Се трудам да ги следам трендовите во естетиката и стоматологијата со специјалност во ортодонцијата за да одговорам на барањата и потребите на пациентите кои се добро информирани за новитетите. 

Вечерите ги минувам со семејството, што за мене претставува важен момент за одмор и воспоставување на балансот. Со задоволство го посветувам времето на квалитетни вечери со поширокото семејство или со пријатели.

Домашна армосфера и добар филм се секогаш мојот наједноставен метод за релаксација. Но секако кога обрвските дозволуваат одењето во кино со девојчињата е нешто што ние го практикуваме. Во слободно време читам стручна литература и уживам во инспиративни книги и филмови.

*Спец. д-р Даниела Михајловска- стоматолог