Утринско кафе со Давид Ганевиќ: Најсреќен сум кога добивам позитивен фидбек на завршената работа што дополнително ме мотивира

Како ми започнува денот?! По природа сум многу позитивна и насмеана личност, па така поголем број од утрата сум расположен, среќен што сум здрав и жив и мотивиран за новиот ден што следи. Со оглед на тоа дека сум вработен, првото утринско кафе го пијам на работа заедно со колегите и разговараме за работните обврски. Додека за време за викенд првото утринско кафе го пијам со моето семејство. И во него уживам максимално и многу порелаксирано.

И приметувам има бенифити од првото утринско кафе. Секоја голта од кафето ми дава убава енергија која подоцна во текот на денот ми е потребна. Да, забележувам промена затоа што, веднаш со неколку земени голтки кафе, јас се расонувам...  

Моето омилено кафе кое секогаш го пијам сам или во друштво е Нескафе, некогаш го пијам ладно, а некогаш топло. Посветувам посебно внимание и мерак ми е додека правам кафе. Освен за вкусот големо внимание посветувам и на декорацијата на кафето каде сум прилично вешт.

Освен испената шолја кафе дополнителна енергија секогаш ми дава позитивната мисла, за целта што треба да ја постигнам. Тука е секогаш и поддршката од моите најблиски и од сите позитивни луѓе кои што опкружуваат. И не дозволувам негативната енергија да влијае врз мене. 

Мотивацијата секој ја пронаоѓа на различни места и го мотивираат различни работи. Мене како млада личност ме мотивираат моите планови и цели кои треба да ги остварам, исто така ме мотивираат и моите родители кои се моја најголема поддршка, мои сакани личности и многу други мали нешта (утринско кафе, среќни и насмеани лица...) и секако признанието кое го добивам после успешна завршена работа. 

Моите редовни - дневни планови и обврски секој ден започнуваат во 08:00 часот наутро и завршуваат во 16:00 часот. Со оглед на тоа дека дополнителна дејност ми е фотографирањето. Сите обврски околу фотосесии и снимања ги завршувам според претходно закажан термин. Фотографијата е мојата најголема љубов која започна како хоби, за потоа да премине во професионалност. Најсреќен сум кога добивам позитивен feed-back на завршената работа што дополнително ме мотивира.  

Денот секогаш ми завршува различно. Често пати дел од обврските морам да ги довршам дома. На приватен план настојувам да поминувам повеќе време со моите сакани во убава атмосфера и вкусна храна. Обично за викенд знаеме да се опуштиме со добра забава и обожавам да приготвам добро мезе (мојата втора пасија). 


Сакам и да прочитам добра книга и да погледнам добар филм, но сепак повеќе време наоѓам за добар филм. Мој омилен жанр се акциони филмови и книги.

Денот го завршуавм исто така со позитивна мисла и со благодарение кон Бога.

Моето мото во животот е „Прави добро за да те најде добро“.


*Давид Ганевиќ - Моден Фотограф*