Утринско кафе со Гоце Бумбароски: Џагор од деца, размуабетени колеги, мирис на кафе - совршена комбинација
За многумина кафето можеби е првото нешто наутро - но кај мене јаболкото го
зазема тоа место. Наутро на патот до
работа уживам во неговиот вкус.
Да бидам искрен и многу обврски наутро ме спречуваат да испијам шоља кафе дома. Но прочитав дека пиењето кафе веднаш откако ќе се разбудите може да го попречи производството на кортизол во вашето тело. Најдобро е да почекате барем еден час откако ќе се разбудите за да пиете кафе, па се тешам со оваа теорема.
Првото кафе во работните денови го пијам во наставничката канцеларија, со моите колеги. Џагор од деца, размуабетени колеги, мирис на кафе – совршена комбинација.
Во време на викендите кога можам да си дозволам малку порелаксиран пристап кон денот – во првото утринско кафе уживаме заедно со мојата сопруга. Тоа се моменти на долги разговори проследени со мирисот на традиционалното “турско” кафе.
Покрај големото количество на кофеин, кафето за мене е магичен темeн напиток од “илјада” хемиски соединенија кои имаат
потенцијални терапевтски ефекти врз телото. Иако тоа е дневна рутина, кафето има и смирувачко дејство врз мене, a редовното конзумирање
кафе ми ја оттргнува главоболката и ми дава фокус на работата. Кај
кафето ги сакам сите негови форми и големини, па во зависност од моментот го
избирам и кафето. Надвор од домот, во друштво кога поводот е кафе дружба најчесто
пијам еспресо или макијато (со ладно млеко). Дома јас сум тој што најчесто подготвува
кафе. За среќа со сопругата пиеме кафе
на ист начин – благо и ладно, па подготовката е брза.
Освен испиената шолја кафе дополнителна енергија ми дава добриот сон и прошетка во природа со моите две ќерки, тоа влијае на мене исто како да сум појадувал ураниум.
Секојдневно наоѓам нови работи кои влајаат на мојата мотивација. Целите кои си ги задавам и моментот кога ги исполнувам се дел од мотивацијата. Учениците кои секое утро ме дочекуваат со насмевка на лицата се мојата најголема мотивација.
Денот ми започнува во 7
часот. Следи најубавиот дел од денот - дружбата
со моите ученици. По часовите доколку успеам “да украдам” малку од времето за кафе
дружба со пријателите, тоа е подарок за мене.
Работниот ден ми завршува околу 16 часот, но не и обврските затоа што
треба да се подготвам за наредниот работен ден.
Кога имате толку многу обврски преку текот на денот посакувате вечерта да ја минете со најмилите. Тоа го правам и јас - уживам со моите ќерки и со сопругата, правиме кратка рекапитулација на денот, планови за следниот, малку игри, малку социјални мрежи. Понекогаш ги посетуваме блиските роднини и пријатели или пак ги дочекуваме на гости.
Уф, книга или добар филм? Едно се желбите, а
друго можностите. Сакам да гледам добар
филм и да прелистам книга, но во недостаток на време читам само тоа што ми е
најнеопходно т.е само стручна литература. Филмови доаѓаат во
предвид за време на викендите – доколку има нешто интересно.
Денот го
започнувам со кратка молитва упатена кон Бог, но и потсетување на моето животно
мото “Per aspera ad astra” т.е “Преку
трња до ѕвездите”.
*М-р Гоце Бумбароски - одделенски наставник при ООУ Кочо Рацин - Прилеп*