Утринско кафе со Калиопи Трпчева: Мајка ми секогаш ми велеше - „Нов ден нова среќа“

Денот ми започнува околу 06:00 часот. Ги носам децата во градинка, се враќам дома и тогаш си го подготвувам моето утринско кафе кое го пијам сама со некое тивко амбиентално музиче. 

Бенефитите од утринското кафе се смиреноста, уживањето и концентрацијата сама кон себе. 

Како правам кафе? По мој вкус кој не го менувам е она македонско кафе со една лажичка шеќер. 

Дополнителна енергија по испиена шолја кафе ми даваат позитивни луѓе. Имам неколку ликови во мојот живот што се екстра позитивни, се слушам или гледам со нив секој ден и тие ме полнат со позитивни вибрации кои ме следат во текот на денот. 

Што ме мотивира? Ме мотивира ЉУБОВТА. Љубовта во сите можни облици... љубов кон љубовта. 

Дневните обврски кај мене се најразлични секој ден. Во моето аталје работам или на некоја илустрација за сликовница или сликам некое уметничко дело, одам по материјали, галерија, редакција... итн. Моите работни обврски понекогаш се касно во ноќта, кога највеќе сакам да творам.

А другите обврски се околу семејството, играта со децата, прошетките... само ручекот не е моја обврска. 

Откако ќе ја раскажам задолжителната приказна за добра ноќ, со сопругот си ставаме чаша вино и разговараме за обврските и плановите кои следат. Така ја завршувам вечерта. 

Сакам да гледам филмови и задолжително во сабота навечер со децата имаме филмска вечер и гледаме долгометражни цртани.

Денот го започнувам со мислата „Нов ден нова среќа“ тоа ми е реченица која мајка ми секогаш ми ја кажуваше .Вечерта ја завршувам со мислата „Што и да било сонцето утре пак ќе грее“.


*Калиопи Трпчева - илустратор*