Утринско кафе со Катерина Јовановска: Кафето ми влијае позитивно, имам повеќе енергија и подобро расположение

Денот најпрво го започнувам со кафе и тоа ми е како некој ритуал. Најчесто го пијам во друштво на сопругот.

Искрено како голем љубител на кафе ми влијае позитивно, имам повеќе енергија и подобро расположение.

Мое омилено е македонското кафе, го сакам со многу кајмак и го правам со 2 мали лажици кафе, лажиче ипол шеќер и не полна шолја вода.


Добро проспиена ноќ, дружба со семејството и пријателите, добра храна и уживам во подготовката на десертите за You Tube каналот. Се тоа е моја дополнителна енергија покрај испиената шолја кафе.

Желбата за успех ми е мотивација бр.1 и секако поддршката што ја добивам од луѓето околу мене.


Моите дневни планови се приспособени спрема работните обврски бидејќи работам во 3 смени. Најпрво гледам да ги завршам обврските околу готвење, чистење и се друго останато. А, викендите кога сум послободна ми се резервирани за снимање видеа за јутјуб каналот или за дружба со пријателите.



Денот го завршувам во дружба со сопругот со лесна вечера покрај телевизорот или на нашиот балкон.

Сакам да прочитам некоја добра книга или да изгледам некоја филм онолку колку што ми дозволува времето.


Здравјето пред сѐ, сѐ друго само по себе ќе си дојде на свое место- е мисла со која обично ми почнува или завршува денот.


*Катерина Јовановска - оператор во фабриката Kromberg & Schubert/ Основач на Youtube каналот за десерти KatesCookingDiaries