Утринско кафе со Кристина Н. Илиевски: Близнаците ми даваат сила и ме мотивираат

Денот ми започнува околу 8:30/9:00 часот, со будењето на близнаците. По редот на нештата, откако тие ќе појадуваат и се спремни за игра, јас можам конечно да уживам во првото кафе, кое најчесто е околу 10 часот (се смее), а близнаците секогаш прават друштво за кафе..

Кафето ми е ритуал, уживам во тој момент. Не можам да кажам дека имам позитивни или негативни бенефити, но ми дава енергија, посебно кога близнаците се активни во текот на ноќта.. 

Сакам кафето да го пијам ладно, но да е подготвено топло...чудно нели.

Со години пијам само Нескафе, лажичка кафе, неколку зрна кафеав шеќер, топла вода и што би рекла јас “splash of milk” односно неколку капки ладно млеко. Можам ваква голема шолја кафе да ја пијам со саати... 

Освен испиената шолја кафе, дополнителна енергија ми дава семејството, убаво сонцево време, убава песна.. 

И кога е најдобро и кога е најтешко, близнаците се тие што ми даваат сила и ме мотивираат.. 

Плановите и обврските се‘ уште се вртат околу децата, додека не одлучам дека им е време за градинка... Во главно поминувам најмногу од времето дома со нив. Работата ми е флексибилна, и за време и за простор, што навистина ми олеснува многу, но во принцип за се‘ треба добар менаџмент... 

Ако немам нешто за до сработување од домашните или работните обврски откако ќе заспијат децата, со сопругот обожаваме да гледаме документарци или некоја крими серија/филм.

Пред да станам мајка претпочитав книги, сега читам сликовници (се смее)... Филм/серија многу повеќе последниве години. 

Си легнувам секоја вечер со иста мислам...Фала ти Господи што денес бевме сите живи и здрави...


*Кристина Н. Илиевски - правен консултант*