Утринско кафе со Љиља Прентовиќ: Аплаузот креира нови идеи во мене

Денот ми започнува разиграно! Пуштам некоја омилена песна што ќе го размрда денот позитивно, нели како велат, да тргне денот на убаво. Потоа одам на моето работно место каде што ме пречекува прекрасна колешка со чајче. У-ба-ви-ни! 

Ме мотивираат најблиските личности кои се секојдневно до мене, нивните пофалби кон мене кои ме допираат до срце за да не престанам да творам. Често  знам да се мотивирам и од публиката, било за фотографија, слика на платно и слично, аплаузот во мене креира нови идеи. 

Работам како графички дизајнер, но во меѓувреме се занимавам со мал бизнис, сликање на мали платна. Нешто кое го сметав за хоби ми премина во работа која обожувам да ја работам, тоа е фотографирањето. Убавината на секој човек да биде прикажана од срцето на Љиља, односно мене. 

Денот го завршувам најчесто со најсаканите личности, прошетка, разговор, играње друштвени игри и слично. 

Од книги сакам да е нешто поврзано за уметност или пак вистинска приказна, додека пак филмови ретко да посветам време да го изгледам до крај.


*Љиља Прентовиќ -  Електра - Сликар, фотограф, графички дизајнер*