Утринско кафе со Љубомир Смилкоски: Моето семејство ми е најголема мотивација

За време на работната недела, денот ми започнува околу 06:00 часот. Првото утринско кафе го пијам дома сам, честопати се шегуваме кафе бидејќи очите сами не се отвараат. 

Тука влијаат повеќе фактори, секако на прво место ми е моето семејство тие се мојата најголема мотивација. Ме мотивираат и личности на кои се восхитувам и гледам во нив еден позитивен пример за тоа како да се биде позитивен, мотивиран и самоуверен во она што го сакаш, во кое веруваш и истото да се бориш да го постигнеш.

Во тек на работно време делокругот на задолженија и ангажмани ми се состои од решавање на различни таскови, состаноци, работилници, истражување на нови технологии итн. По работно време се посветувам на домашните обврски и слободно време го користам за шопинг, средба со пријателите, прошетка со моето куче итн.

Денот секогаш ми завршува со моето семејствo. Најчесто навечер по завршување на сите обврски излегуваме на прошетка до блискиот парк, тоа е одличен начин да се заврши денот. Воедно го користиме ова време да се релаксираме да прошетаме и поразговараме. Потоа следува играње со мојот син, ова најмногу ми ги полни батериите мора да признаам.

Сакам да читам книги, искрено порано многу повеќе читав имав повеќе слободно време, последниве 4 години немам многу шанси за читање. Од таа причина преферирам филм, честопати филмот го гледам во два до три обиди хехе, понекогаш обврските и уморот победуваат, па останува да се догледа некој следен пат.


*Љубомир Смилкоски, вработен на позиција ИТ техничар во Diners Club Macedonia