Утринско кафе со Моника Зец Медуњанин: Ме мотивира желбата за подобро утре за себе и за своите деца

Добивај вести на Viber

Денот најчесто ми почнува со вода и лимон, медитација и вежбање јога. Продолжува со домашно цеден сок заедно со моето семејство. Тоа всушност е моето утринско кафе. 

Вистинското кафе во последно време го пијам после 10 часот, додека работам, најчесто сама.  

Најмногу ме мотивира ќерка ми и семејството. Неправдата во светот. Желбата за подобро утре за себе и за своите деца.

Природата во сите нејзини форми ми е еден огромен извор на мотивација. 

Дневните планови и обврски ми заависат од денот и периодот искрено. Јас го имам тој благослов самата да си ги креирам своите дневни обрврски и планови и тоа е нешто што нема цена, таа слобода. Некогаш имам премногу обврски со својот бизнис, проектите кои ги имам, детето. Некогаш пак гледам да си оставам простор за себе, семејството, домот.  

Откако ќе заспие ќерка ми, најчесто до 9 часот најдоцна, вечерта ја поминувам со сопругот. Тие ни се моментите за нас, да разговараме, да се видиме. Најчесто разговараме на некоја тема, а некогаш гледаме филм или серија. 

Сакам и да прочитам добра книга и да изгледам добар филм. Настојувам книга да читам сабајле па затоа вечерта гледам да ја завршам со некој филм. Ако можам и двете во текот на денот, што е ретко, би била пресреќна. 


*Моника Зец Медуњанин - Графички дизајнер/сопственик на kid&co*