Утринско кафе со Никола Дукоски: Ме мотивира надежта во детските очи

Ее тоа ми е слаба точка. Мојот вегетатувен нервен систем не поднесува кафе. Денот ми почнува така што пијам прво чаша млака вода со лимон и некоја капка маслиново масло и некој ден ставам куркума, некој ден ѓумбир. Втората чаша е поладна и ја пијам на екс. Денот ми почнува сам со себе и се водам од таа индијанската, првиот саат време да не зборувам со никого. Тек тук со судокуто или со крстозбор. Се знае каде вообичаено се случува таа активност.

По мој вкус е единствено кафето на моите родители, слабо ин кафе кое повеќе е вода одошто кафе. Секако и девојка ми кога ќе ме пристрви па и пивнувам од нејзиното.

Утринско качување на точакот и извртените километри, базен, пеење во движење ми даваат енергија. Ме мотивира надежта во детските очи, ме мотивираат висините и божественоста на музиката.

Го структурирам денот само по неопходното другото оставам спонтано да тече, обично се водам од договорот со луѓето што ми се значајни. Денот најчесто ми завршува со умор или премор.

Никогаш не гледам филмови, книга може да прочитам само за таа да ме поклопи, вообичаено не памтам ништо од тоа што сум го прочитал, веројатно останува нешто во потсвеста.

Денот ми завршува со секојпат различна мисла, промената е константа, константната е променлива, таа мисла што не одговара фрли ја во канта.


*Никола Дукоски-психолог

Фото: Бојан Илиески