Утринско кафе со Октај Сејди: Мото ми е „мисли добро - да се врати со добро”
Денот го започнувам со секојдневниот утрински ритуал, а тоа е спортот! Се подразбира утрото не е утро, ако не се напијам кафе со моите колеги, па така може да започне дневниот маратон.
Бенефит од стекнатата навика на секојдневно козумирање кафе е тоа што има улога врз концентрацијата на мојата работа. А кафето се прави многу едноставно. Само додавате љубов и највкусно е.
Дополнителна енергија ми дава постојаната насмевка на моите клиенти.
Мотивација е тоа чувство што секое утро кога ќе се разбудите, проценувате дека денес „можам некој да насмеам и направам среќен“. Имам и една понова мотивација, а тоа е отворањето на сосема новиот салон со нова локација.
Моите планови се буквално базирани околу моето работно темпо кое што голем дел од денот го поминувам со моите клиенти и колеги, забава, задоволни клиенти и по некоја дружба, нормално и добар поминат тренинг.
Претежно имам напорен ден на работа, па преферирам првото слободно време да го поминам со домашните и најблиските. Дефинитивно понекогаш сакам да погледнам и филм.
Денот го почнувам и завршувам само само со позитивни мисли. Мото ми е „мисли добро - да се врати со добро”.
*Октај Сејди- стилист за коса