Утринско кафе со Сања Стојковска: Ме мотивира мајка ми која има толку многу поминато, а секогаш е најнасмеаната и позитивна личност

Првото кафе сакам да ми е во мир и тишина и секако тоа трае 5 минути, веќе 6-тата минута си пуштам музика.

Од кафето имам бенефит што ме расонува, ама искрено мислам дека е една гооолема навика која трае со години. Прво отворање на очи, правам кафе, па се останато. 

Кафе по мој вкус... Јас го пијам наједноставното кафе на светот. Вода и кафе без никакви додатоци, шлаг, чоколадо и останати украси (се смее).

Дополнителна енергија освен испиената шолја кафе ми дава дефинитивно зумбата. После тренинг се чувствувам дека можам планини да поместам. 

Ме мотивираат амбициозни луѓе со идеи, луѓе што имаат желба за промена. Ме мотивира мајка ми која има толку многу поминато, а секогаш е најнасмеаната и позитивна личност. Ме мотивира се’ што асоцира на напредок.

За мене рутински дневни обврски не постојат. Многу често знаат да се пошегуваат со мене дека сум “летечки падобранец” и никогаш не знаеш каде ќе се појавам (се смее). Во принцип зумбата ми е составен дел од денот, како и Сити радио, се останато е буквално како ќе дувне ветрот (се смее).

Денот ми завршува различно, некогаш со пријателите на некоја дружба, со момчето, со најблиските во принцип. Ама морам да споменам дека има и такви денови кога заглавувам со работа па скоро и да немаат крај оние 24 часа што ги имаме.

Сакам да изгледам филм, серија, да прочитам книга ама буквално се’. Штета што имам само 24 часа во денот. 

Денот го започнувам со музика, секогаш. А, го завршувам со сите можни сценарија за следниот ден. Многу ретко знам да се исклучам и опуштам, знам дека ми е грешка ама… карактерот не се менува.

Ако веќе треба да го почнам или завршам денот со мисла, тогаш тоа би било: Насмеј се, убаво ти стои.


* Сања Стојковска - Радио водител и Зумба инструктор*