Утринско кафе со Слободанка Танева: Вљубена сум во готвењето - тоа ми е втора желба во животот

Утрото според мене е најубавиот дел од денот. Почнувам со уживање во мирот кога нема метеж низ градот. Преферирам да бидам сама. Утринското кафе го пијам исто така сама, најчесто во моето омилено катчево домот. Практикувам да направам некои утрински вежби и малку медитација. Понекогаш одбирам да седнам сама во локал, па да испијам кафе и така да ми почне денот.

Дневните обврски секогашсе релативно различни. Покрај тоа што сум во работна фаза,овој период ми е многу поисполнет со обврски, затоа што истовремено се подготвувам за различни настани. Мометално најмногу сум фокусиранана подготовките за настап на јубилејното 30-то издание на Фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“. Годинава на сцената во Долни Сарај во Охрид во Интернационалната вчер ќе ја исполнам прекрасната балада „Злато“.  Очекувам песната да ја донесам во најдобро можно светло и достоинствено да ја претставам Македонија, во конкуренција со големите балкански пејачки имиња, како што се Дадо Топиќ, Неда Украден, Кики Лесендриќ, групата Рандеву, Принц и Гоца Тржан и многу други. 

Кога веќе дневните обврски се завршени,продолжувам во мојот дом кадешто говежбам мојот репертоар.

Денот го завршувам заедно со моите блиски пријатели. Во зависност од моменталната инспирација, може некаде да излеземе, а може и да се подружиме во домашна атмосфера. Ако сум сама во вечерните часови, знам да си пуштам некој добар филм или пак да се запознавам со некоја нова музика.

Не преферирам да читам книги,но голем љубител сум на филмската уметност, а често посетувам и театар,кино,концерти. Тоа го правам со големо задоволство.

Морам да откријам дека сум вљубена во готвењето и тоа ми е втора желба во животот. Знам во текот на денот, кога сум слободна, да зготвам некои нови вкусови!


*Слободанка Танева- пејачка