Утринско кафе со Теа Пупкова: Дисциплината е мајка на успехот

Денот ми започнува со кафе кое го пијам најчесто сама, во тишина. Првиот час наутро го користам за себе.

Кафето за мене е ритуал, она што ми дава енергија се природно цедените сокови кои си ги правам наутро. Пијам црно кафе со лажица мед наместо шеќер. 

Она кое ми дава дополнителна енергија освен испиена шолја кафе се овошјето, утриското вежбање и пиењето многу вода.

Ме мотивира желбата за да бидам подобра во се‘ што правам и остварените цели.

Најголемиот период од денот сум во мојата продавница за рачна изработка и цртање на керамичка и порцелан. Тука создавам, планирам и сум среќна. 

Денот најчесто ми завршува со пријателите и блиските луѓе.

Книгите ми се голема љубов, купувањето нови книги ме прави среќна па така секој месец си подарувам себе си барем една. 

Мислата со која го започнувам и завршувам денот: „Дисциплината е мајка на успехот“.


*Теа Пупкова - Керамичар и дипломиран моден дизајнер *