Утринско кафе со Вида Тасевска: Голема среќа е да работиш во компанија која вистински се грижи за здравјето и задоволството на своите вработени

Вообичаено денот ми започнува со утринско кафе и половина час посветен само за себе. Во тој период си повторувам што сè треба да направам во текот на денот бидејќи обврските ми се испланирани најчесто на неделно ниво. Потоа ја подготвувам и носам на училиште мојата седумгодишна ќерка и пристигнувам на работа. По кратка координација со колегите денот ни започнува со исполнување на работните обврски.

Ме мотивира успешна и во рок завршена работна задача. Добра идеја која ќе биде реализирана. Секој ден да бидам подобра верзија на себе. Мојата посветеност на компанијата и препознавање на истото од страна на менаџментот. Во „Diners Club Македонија“ сум повеќе од 17 години. Голема среќа е да работиш во компанија која ја сакаш, која е твој втор дом и вистински се грижи за здравјето и задоволството на своите вработени. Довербата која ја имаме изградено со колегите сите овие години нема цена. Заеднички, тимски успеваме да ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме и успешно се приспособуваме на новонастанатите ситуации. Приватно секогаш ме води желбата за подобро утре за мене и за моето семејство.

Плановите и обврските ми зависат од периодот во месецот. „Diners Club“ ми овозможува флексибилно работно време и по завршување на работниот ден сум целосно посветена на моето семејство. Навистина е потребна голема желба и енергија да им бидам постојана поддршка и помош во исполнување на нивните училишни и вонучилишни активности. Секоја нивна насмевка, прегратка за секоја исполнета желба се моја награда за вложениот труд.

Во вечерните часови практикуваме долги прошетки со сопругот. Тоа е период од денот кога си споделуваме како ни поминал денот, правиме планови за наредниот ден, а неретко и за нашата иднина.

Помеѓу добар филм и книга мојот избор секогаш е книга. Но во последно време признавам дека поради динамичните денови многу малку време можам да одделам за ова хоби и истото се сведува на кратко читање пред заспивање.

(* Вида Тасевска, Раководител на одделот за членови и контакт центар во Diners Club Macedonia)