(Видео) Совети на Кендис Свонпул: Како од уморна мајка до топ модел

Добивај вести на Viber

Ангелот на Викторија Сикрет, манекенка Кендис Свонпул ја претстави својата рутина на шминкање за магазинот Вог, покажувајќи дека и врвните модели се само обични жени и мајки. Шминкањето трае десетина минути, а ако немате време може и побрзо.

Иако е врвен модел, Кендис е во основа само жена, личност, мајка. Дваесет и девет годишната манекенка има два сина со моделот Ернан Николи (35). Вториот син го роди оваа година, во јуни. Уште се бори со последиците од породувањето и во видеото тоа отворено го споменува. Се појавува без шминка и со несовршена коса. Има флеки, темни кругови околу очите, уморен поглед ...

Во видеото популарната манекенка покажува како да постигнете природен изглед на нејзин начин. Таа користи омилени производи за да ги покрие несовршеностите на лицето и да постигне свеж изглед.