„Живата вистина, иако нема да им се допадне на сите“: Босанка ги опиша девојките од Балканот во едно видео и предизвика бурни реакции на Интернет

Наида Бојнакова, блогерка од Босна која живее во Турција, често знае да не‘ насмее со своите видеа кои ги споделува на социјалните мрежи. Едно од последните видеа кои таа ги објави собра речиси половина милион прегледи, а кога ќе видите за што се работи, ќе ви биде јасно од каде е оваа бројка.

Наида сподели видео на TikTok во кое опишува девојки од Балканот, а тој клип собра речиси половина милион прегледи и набрзо стана вирален.

Наида во видеото толкува колку се убави и способни девојките од Балканот, дали имаат „долг јазик“, колку му веруваат на партнерот и дали се кралици на шопингот и трошењето.

@bojnakova #balkantiktok original sound - Bojnakova

После ова видео, повеќето нејзини фанови на TikTok го потврдија нејзиниот став кон девојките од Балканот, а ова се само дел од коментарите:

„Легендарно, баш така, жива вистина, а знам дека нема на сите да им се допадне“, „Ох, ти си кралица“, „На твојот долг јазик му требаше уште вода“, „Слатко ме насмеа“...

А што мислите, дали се согласувате со ова од видео на Наида?


Фото и Видео: ТикТок