ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Момче ладнокрвно бутка жена на шините во метрото во Брисел

Страшен инцидент се случил во петокот вечерта во метрото во Брисел, но за среќа случајот не заврши трагично. Снимките од надозрните камери кои сега се објавени сведочат за настанот, а на нив се гледа како едно момче намерно турка жена на шините во моментот кога возот влегува кон станицата Рожие.

За среќа, машиновозачот бил присебен и во последен момент успеал да го запре возот, додека жената се уште лежела на шините.

Останатите патници и помогнале на жената, а младиот човек избегал, но набрзо бил фатен. Станува збор за 23-годишен Французин, но мотивот за овој инцидент засега не е познат.