Зад насмевката на славната убавица се крие болна вистина: Џесика Алба си ја отвори душата
Пред нејзината убавина, малкумина остануваат рамнодушни. Џесика Алба е една од холивудските sвезди кои ги обожаваме, а малкумина знаат каква приказна се крие зад насмевката на оваа убавица. Во неодамнешното интервју за „Bustle“, актерката ја отвори душата за детството, семејството, болеста, децата и кариерата и откри неколку непознати детали.
Како што вели, нејзиното детство било обележано со осаменост и хронични болести поради кои морала да оди на дури 5 операции до 11-годишна возраст.
Во интервјуто таа истакнала дека е тешко да се биде среќен без здравје.
- Јас пораснав со хронични болести. Имав пет операции до мојата 11 година. Се борев и со алергии, и многупати бев хоспитализирана како дете - рекла Џесика.
Иако нејзиното детство било обележано со застрашувачки работи, Џесика сепак вели дека успеала да најде некои позитивни страни во целото искуство низ кое поминала.
Поради болестите со кои се борела како дете, актерката сега посветува многу поголемо внимание на здравјето на своите деца.
Да потсетиме, убавата бринета има три деца: Онор (12) и Хејвен (9) и Хејс (3) со нејзиниот сопруг Кеш Ворен, а кариерата реши да ја стави на второ место кога ја роди својата прва ќерка, во далечната 2008 година.
На прашањето зошто го одбрала семејниот живот наместо нејзината кариера, таа одговорила дека пред очи секогаш и се враќа болното дете што е и кое сака да живее.
- Го имав тој вистински момент, сакав да живеам и да напредувам, и да поминам што повеќе време со оваа мала личност што ја донесов на светот и да останам со неа колку што можам повеќе - објаснила Алба.
Како дете, Џесика морала да се справи со ателектаза на белите дробови (делумен недостаток на воздух поради кој се распаѓаат белите дробови), со што победила двапати, потоа со пневмонија, од која страдала пет пати годишно, цисти на крајниците и опсесивно-компулсивна невроза .
Поради лошата здравствена состојба, таа честопати го пропуштала училиштето, па немала ниту шанса да се дружи. Кога конечно ги надминала своите здравствени проблеми, таа завршила средно училиште на 16-годишна возраст.
Покрај сето тоа, вели, таа била принудена да порасне побрзо од другите деца затоа што нејзината мајка добила и рак. Неодамна, убавата актерка на својот Инстаграм профил објави дека нејзиниот татко се бори и со рак на тироидната жлезда.
- Моето семејство се соочува со тежок период. Понекогаш мислам дека нема да можам да соберам сила, но тогаш се откажувам и си велам дека морам. Морам да бидам силна, да бидам храбра, да се соочам со вистината и стоички да ја издржам. Тоа е живот, исткаен од прекрасни и тешки моменти. Боли, но ќе помине - вели Џесика.
Извор: телеграф.рс.
Фото: Инстаграм-Џесика Алба официјален профил