„Залудни ти се сите милиони Канје“: Пит ја однесе Ким на вечера од 970 денари, таа не ја симнува насмевката од лицето

фото: HAKOPARSHAKYAN / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA / twitter printscreen

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон излегоа на состанок, а ако се прашувате колку го чинeше тоа комичарот, вистината е дека помина многу евтино, сè што требаше да издвои се само околу 18 долари односно 970 денари..

Ким Кардашијан можеби е навикната на скапа облека, луксузни и елитни ресторани, но се чини дека во последно време сака нешто поинакво, поедноставно.

Додека беше во брак со Канје, најбогатиот црнец во светот, ја гледаа само пред најскапите ресторани во Лос Анџелес каде што треба дебели врски само за да бидеш на листа на чекање, а не пак за да добиеш маса, но откако е со Пит Дејвидсон, таа ужива најобични прошетки, но и вечери во трговски центри.

Некој би рекол - секој дава колку што може, иако рака на срце, познато е дека и Дејвидсон добро заработува. Не како Ким, но доволно за да ја однесе на ручек на каков е таа навикната. Сепак, изгледа дека ријалити ѕвездата апсолутно не размислува за вакви работи веќе.


Таа е среќна со него каде и да се, а неодамнешните фотографии од парот кој отишол во ресторан каде нарачале две пици маргарита и два сока, а сметката во ресторанот ја платиле 18 долари или околу 970 дeнари.

И двајцата беа во многу опуштени изданија. Комичарот носеше сива маица и шарени панталони, додека Ким беше во темно сива кожена дуксерка и црни кожени чизми.


Таа не ја симна насмевката од лицето, а дури и извори блиски до Кардашијан потврдија дека Ким се чувствувала подобро и послободно откако започнала романса со Пит отколку кога била со поранешниот сопруг Канје Вест и дека нивната врска станува посериозна.

Пит се почесто доаѓа во нејзината семејна куќа. Таа е заљубена, а нивната врска навистина ја прави среќна - рекол изворот.

Доживеа тешка трагедија, сакаше да се убие поради Аријана Гранде: Сѐ за официјално новото момче на Ким Кардашијан

Секако, од моментот кога се појавија фотографиите, лавина коментари се пишуваат на сметка на Канје Вест:

„Залудни ти се сите милиони Канје, Пит ти ја зеде жената со 18 долари во џеб“, „Ким е конечно нормална, не лажна како со Канје“, „Што гледаат овие жени во овој човек“, „Ким конечно е среќна "," Што е важно што е евтин ресторанот, а не е скап, погледнете ја Ким - таа никогаш не била ваква среќна"...

извор:wanted.mondo

Канје Вест јавно на сцената повика Ким Кардашијан да се смири со него: Вака таа му одговори (ВИДЕО)