Доживеа тешка трагедија, сакаше да се убие поради Аријана Гранде: Сѐ за официјално новото момче на Ким Кардашијан

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и актерот и комичар Пит Дејвидсон и официјално се во врска!
Кое е 13 години помладото момче кое ја маѓепса најпознатата жена на светот?

Откако Ким Кардашијан (41) го бакна Пит Дејвидсон (28) во скеч пред камерите за време на неодамнешното појавување во Saturday Night Live, тие беа видени како се држат за раце додека се возат во забавен парк, а потоа се сретнаа уште неколку пати во родниот Њујорк и заедно го прославија роденденот на Пит во Калифорнија во исти пижами.

Сега доаѓа и потврдата дека без никаков сомнеж тие се во врска.

Иако живеат во различни делови на Америка, Ким и Пит се решени дека нивната врска ќе успее и дека редовно ќе се гледаат.

Дејвидсон моментално престојува во Палм Спрингс, каде мајката на Ким, Крис Џенер има луксузна вила, а папараците ги забележале како шетаат таму држејќи се за рака.

Кој е Пит Дејвидсон?

Младиот актер и комичар веќе има одиграно десетици улоги, а првата е снимена во серијата Бруклин Најн- каде се појави во една епизода. Долго беше редовен член на шоуто Saturday Night Live, на кое и сега често се навраќа, а најпознат проект во кој ја имаше главната улога е филмот „King of Staten Island“.

Овој дел од Њујорк е местото каде што пораснал Дејвидсон, а неговото детство го одбележало трагедија: неговиот татко бил еден од пожарникарите кои загинале за време на терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк, 9/11. Дејвидсон тогаш имал само седум години, а овој настан бил трауматичен за него и често зборува за тоа колку раната загуба на татко му влијаела на неговиот живот и ментално здравје. Како што подоцна откри во едно интервју, како момче бил проблематичен.

Дејвидсон има две хронични дијагнози: гранично растројство на личноста и Кронова болест и поради нив добива редовна терапија, покрај која користи и медицински препишана марихуана. Порано бил зависник од наркотици и алкохол, но од својата 24-та година е трезен и попосветен на своето здравје, а неодамна откри дека почнал и со „отстранување“ на некои од неговите 40 тетоважи. Една од нив е посветена на Хилари Клинтон, која Пит ја смета за хероина.

Покрај работата, тој е најпознат во светот како еден од најголемите заводници, бидејќи пред Ким се забавуваше со Кејт Бекинсејл, Маргарет Кули, Каја Гербер, Фиби Диневор... Најпозната врска му е со пејачката Аријана Гранде, со кој се вери по само еден месец дена од врската, а по раскинувањето на веридбата, Пит на Инстаграм објави самоубиство и го избриша профилот, по што интервенираше полицијата.

Дејвидсон и Ким Кардашијан го прославија 28-от роденден на актерот во вилата на Крис Џенер во Палмс Спрингс, во друштво на Џенер и познатиот рапер Flavour Flaw од групата Public Enemy, кој ги сподели и фотографиите направени по тој повод. Пит, Ким и Крис носеа идентични пижами, модели на SKIMS од новата колекција на Ким.

Иако извори блиски до Ким Кардашијан долго време инсистираа дека Пит и таа се само пријатели, таа не крие дека и се допаѓа ѕвездата од шоуто Saturday Night Live.

Пит Дејвидсон е, инаку, добар пријател на Канје Вест, наскоро бившиот сопруг на Ким, а тие двајца, како што знае јавноста, биле пријатели во 2019 година.

извор:GLOSSY