Мистеријата за погребот на Тито: Во Југославија се шушкаше дека наместо телото во ковчегот било ставено ова, а потоа докторот открил сѐ

Добивај вести на Viber

Најголемите теории на заговор во поранешна Југославија беа поврзани со Јосип Броз Тито, а неговата смрт уште повеќе ги подгреа. Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во 15 часот и 5 минути поради церебрално крварење и церебрална кома, а беше погребан на 8 мај.

Неговиот погреб не можеше да помине без тајни и мистерии.

Најголемата тајна беше што всушност има во ковчегот што беше изложен пред сегашната зграда на српскиот парламент и покриен со знамето на Југославија со петокраката?!

Целата мистерија околу погребот, на кој на едно место се собраа најголем број светски државници досега, едно време ја отвори д-р Обрен Ѓорѓевиќ, поранешниот шеф на српската СДБ.

Имено, тој тогаш изјавил дека телото на Јосип Броз Тито никогаш не било во ковчегот, туку дека таму имало песок.

„Кога умре Јосип Броз Тито, одредени членови на Претседателството на СФРЈ, пред сè Стеван Дороњски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеј, како Ленин на Црвениот плоштад. Телото на Тито, сепак, беше полно со разни лекови, па почнал предвреме да се распаѓа и да шири непријатна миризба околу него. Од медицински и хигиенски причини, пред сè, Доланц, Микулиќ и Дороњски решиле да го погребаат без неговото тело. Во ковчегот што бил изложен во Сојузното собрание имало песок“. Претходно за српските медиуми изјави Ѓорѓевиќ, кој на тој начин ги откри сите мистерии.

Секако, и денес многумина се прашуваат дали Јосип Броз Тито навистина бил погребан во Куќата на цвеќето, зошто на мермерната плоча нема петокрака и многу други прашања кои се резултат на разни теории на заговор или не.

Сепак, лекарите кои ја извршија обдукцијата на телото на Маршалот зборуваа вака:

„По шест часа работа го завршивме последниот чин од тогашната голема драма на голема Југославија, штом заврши обдукцијата отидовме на Брдо кај Крање, се истуширавме, си ги собравме работите и се упативме кон Љубљана, каде „синиот воз“ веќе беше готов. Слушнав дека неговото тело прво било ставено во лим, а потоа во тежок, претежок дабов сандак“, изјави д-р Лалевиќ, сведок на овој настан.

Фото:Инстаграм