Канје Вест јавно на сцената повика Ким Кардашијан да се смири со него: Вака таа му одговори (ВИДЕО)

Популарниот рапер не може да ги сокрие емоциите кон Ким, па иако се во процес на разведување, на концертот имаше посебна порака за својата наскоро поранешна сопруга.

За време на хуманитарниот настап кој Канје Вест (44) го одржа со својот колега Дрејк, познатиот рапер побара од Ким Кардашијан (41), од која моментално е во процес на развод, да му се врати.

За време на изведбата на песната Runaway рече: „Сакам да ми се вратиш бејби, да бидам попрецизен Кимберли“, по што експлодираше интернетот. 

Некои обожаватели нежно го споделуваат ова видео и апелираат до Ким да му даде втора шанса на сопругот и татко на четири деца, додека некои сметаат дека ријалити ѕвездата не смее да се откаже од разводот откако во март оваа година ја донесе конечната одлука да стави крај на овој брак.


Одговорот на Ким Кардашијан го добивме следниот ден: таа поднела барање да биде слободна жена во очите на законот пред да се случи разводот, како и да го отстрани презимето Вест од името.

Инаку, таа присуствуваше на овој концерт со ќерката Норт и синот Сеинт, бидејќи се труди да одржи пријателски однос со Канје, на кого пред неколку дена, кога беше прогласена за модна икона, му се заблагодари што ја запознал со светот на модата.

Ким неодамна започна да се гледа со актерот Пит Дејвидсон, додека Канје е во врска со манекенката Винетриа (22). Откако флертуваа некое време, Канје и Винтерија беа видени заедно на неговата верска служба. Парот тогаш го имаше првото официјално појавување - тие беа заедно на кошаркарски натпревар во Минеаполис. Сепак, непосредно пред да се дознае за убавицата и за него, Канје во интервју за Drink Champs изјави дека „тој се уште сака да биде со својата сопруга“.

- Не сум видел ниту документи. Ние не сме разведени. Ова за мене не е шега. Моите деца сакаат нивните родители да останат заедно. Сакам да бидеме заедно – истакна Вест.

извор:GLOSSY