Небинарна личност ја освои Евровизија: Швајцарија е победник на 68-то издание на Евросонг
Под неверојатно полициско обезбедување, како што тврдат странските медиуми имало и снајперисти на зградите, се одржа 68-то издание на Изборот за песна на Евровизија во Малме, Шведска.
Полицијата реагираше поради Израелската претставничка, закани кон неа од страна на Палестина (сеуште трае Израелско-палестинскиот конфликт), па беше приморана да не смее дури ни да ја напушти хотелската соба.
И други контроверзи кои секогаш го пратат овој настан гледан од 500 милиони ширум светот. Холандскиот претставник беше дискфалификуван во последен момент поради непримерно однесување, Италијанската телевизија во една од полуфиналните вечери веројатно на грешка ги објави резултатите пред време, Ирската претставничка ја нарекоа Сотона па и таа не се појави на главната генерална проба…
Ама дека Швеѓаните приредија шоу за паметење тоа е неспорно. Ваква или таква, Евровизија привлекува огромно внимание и телевизиски проект од огромни размери.
Во напнатото финале, Победник на 68-то издание на Изборот за песна на Евровизија е Швајцарија со песната "The Code" која ја испеа Немо. Тој доби и најмногу дванаесетки од стручните жирија на 37 земји, покрај гласовите на публиката преку телевотинг.
Се декларира себе си како небинарна личност. Немо Метлер (роден на 3 август 1999 година) швајцарски рапер и пејач кој свири на виолина, пијано и тапани. Популарен е во својата земја, а светската поп Дива Селин Дион во 1988 година ѝ донесе победа исто така на Швајцарија.