Вистинската љубов не брои години: Во брак е со двојно постар од неа, им велеа дека нема да успеат, а тие се среќни како никогаш
Она што започнало како пријателство набрзо прераснало во романса
Жената открила дека нејзиниот сопруг е 35 години постар од неа, а кога првпат се запознале луѓето велеле дека нивната врска никогаш нема да функционира со разликата во годините. Тие, исто така, ја обвинија Кели Лиза Мери Вил (32) дека е со нејзиниот маж само за неговата пензија. Сепак, Кели им докажа дека грешат, пишува The Sun.
Таа објасни дека нејзиниот сопруг има 67 години, а парот се запознал пред десет години, кога таа имала 22, а тој 58 години. Она што започнало како пријателство набрзо прераснало во романса, а сега, во видеото што го сподели на социјалните мрежи, Кели објасни: „10 години поминаа за миг“.
@kellylizamariewil Just doing my bit taking care of the elderly #foryoupage #fyp #viral #viralvideo #agegapcouple #agegap #agegaplove #ageisjustanumber Bleeding love - thebestsongs
Во новото видео кое брзо стана вирално на интернет, Кели ги сподели најновите слики со нејзиниот сопруг. Во продолжение таа прикачи фотографија од почетокот на нивната врска и додаде: „Ова ме потсетува на времето кога бевме млади“.
Во друго видео објавено на социјалните мрежи, Кели тврди дека кога првпат почнала да излегува со својот сопруг, луѓето често и велеле: „Никогаш нема да успее, ти имаш 22, а тој 57“. Сепак, таа им докажала дека грешат: „Шест години брак и сè уште трае. Годините се само бројка“.
Видеото на TikTok остави многумина во шок, бидејќи брзо собра 486.300 прегледи за само еден ден. Но, корисниците на социјалните мрежи беа поделени околу видеото - додека некои се согласија дека годините се само бројка, не сите беа толку љубезни.
Едно лице го сподели своето искуство: „24 години разлика во години, 22 години заедно“. Друг додаде: „Тоа се само бројки и двајцата сте возрасни, ако сте среќни и изгледате така, се сакате и уживате во животот, тоа се случува само еднаш“. Третиот коментираше: „Јас сум во врска со разлика во возраста (иста старосна разлика како вашата) и тоа е убедливо најдобрата врска што сум ја имал“.