Вака семејството Ражнатовиќ се веселеше за Ѓурѓовден: Анастасија никогаш посреќна, Цеца никогаш поубава (видео и фото)

Добивај вести на Viber

Семејството Ражнатовиќ до доцна во ноќта го празнуваа Ѓурѓовден

Семејството Ражнатовиќ е познато како весело, а неговите членови ја користат секоја прилика да прослават и убаво да се забавуваат. Вака изгледаше прославата на Ѓурѓовден, со музика и песна, но не беа сите заедно.

Имено, Ѓурѓовден е слава на родителите на Богдана, но и на Немања Гудељ, зетот на Цеца Ражнатовиќ, па овој ден се славеше во Тител, но и во Севиља.

Бидејќи не можела да стигне кај ќерката и синот на прославата, фолк дивата решила Ѓурѓовден да го помине во Тител со семејството Родиќ, кое секогаш со нетрпение го очекува нејзиното доаѓање. Цеца најголем дел од времето го поминуваше со внуците Крстан и Жељко кои не и дозволуваа да си оди дома навечер.

Ќерката на Цеца Анастасија годинава првпат го прослави Ѓурѓовден, кој стана нејзина крштевка со бракот со фудбалерот Немања Гудељ.

Семејството Гудељ празникот го прославуваше преку ден како што налагаат обичаите, со вино, жито и свеќи, а вечерта славеа во дворот со музика и песна.



Фото:Инстаграм