Здрав и посен десерт од 2 состојки: Природен чоколаден крем - слатко задоволство за целото семејство

Едноставен рецепт за неодолив чоколаден крем кој ќе го обожава целото семејство, а можете да го подготвите во два чекори.
Се‘ што ви треба е какао во прав и мед.
Потребни намирници:
-1 кесичка какао во прав
-мед
Начин на подготовка:
Земете мала или средна тегла и во неа посипете какао во прав. Потоа постепено додавајте го медот и мешајте додека состојките целосно не се соединат. Погрижете се вашиот намаз да не е ниту премногу редок, ниту премногу густ, па затоа е многу важно да внимавате колку мед додавате.
Кога ќе ја добиете саканата смеса, чоколадниот крем е готов.
Можете да го послужите со кафе или чај, но можете да се засладите и кога немате ништо слатко во домот со парче двопек или бисквит.
Овој природен намаз од 2 состојки заштедува време и е здрава алтернатива за комерцијалните слатки.
Фото: freepik