Жена подесила една работа на бојлерот и заштедила над 100 евра: Трик со кој можете да си ја намалите сметката за струја

Можеби не сте обратиле внимание, но повеќето болјери имаат копче кое одредува до која температура ќе се загрева водата. Ако ја намалите оваа температура, можете да ја намалите сметката за струја за дури 10 отсто, тврди британското „Октопус енерџи“, кое се залага за обновливи извори на енергија.

„Октупус енерџи“ ги поттикнува луѓето да прават мали промени кои значително ќе ја намалат потрошувачката на струја на глобално ниво, а овој трик за заштеда на струја го открила една жена на форумот „Мамзнет“. Таа тврди дека на овој начин за една година заштедила 95 фунти, односно приближно 7.000 денари. Анонимна жена на форумот го сподели советот што го добила од „Октопус енерџи“, а кој секој може да го примени:

„Можете да трошите помалку струја или гас кога ќе го поставите ова на бојлерот. Мојот автоматски беше поставен да загрева вода до 80 степени, што значеше дека потрошив многу електрична енергија само за загревање вода, која потоа мораше да се лади со ладна вода. Ми рекоа дека досега сум заштедила 95 фунти благодарение на оваа промена што ја направив“.

Кога купувате бојлер, температурата обично се поставува повисока од потребната, што значително ги зголемува сметките за струја.

„Отпрвин мислев дека сите освен мене го знаат тоа, но сестра ми никогаш не слушнала за тоа, па сфатив дека сигурно има повеќе луѓе кои не знаат“, изјавила оваа анонимна жена.

„Октопус“ оценува дека оваа промена на болјерот може да ја намали сметката во просек за околу осум отсто.

извор:zena.blic.rs