Животот оди понатака: Познати наши личности кои се разведоа и продолжија кон подобра иднина
Разводот е тежок. Но, не е крај на светот!
Во денешно време кога се живее брзо, кога жената веќе не е само домаќинка и мајка, а од таткото се очекува да не биде само издржувач на семејството, кога секој има право на свој избор и очекува неговите потреби да бидат задоволени, рецептите за успешен брак и семејство на нашите баби, дедовци, па и на нашите родители повеќе не успеваат. Во вакви околности разводот може да му се случи на секој.
Разводот е лична работа и е процес кој често трае долго, со месеци па и години. Но кога се разведува позната личност, тоа најчесто е испратено од целата јавност, се случува пред очите на сите. Познатите го немаат луксузот на приватност при развод. Па, затоа најчесто ставањето крај на бракот „протекува“ во јавноста.
Без разлика на тоа која била причината за нивниот развод, тие одлучиле да стават крај на бракот и да продолжат понатаму во животот.
Неколку наши познати дами, ставија крај на нивните бракови, но како велат „секој крај е нов почеток“, па така и тие успешно продолжија да нижат успеси во животот.
Пејачката, водителка и писателка Сузана Турунџиева пред 20-тина години се омажи со пливачот и тренер Александар Маленко - бракот им заврши неславно. Турунџиева од тој брак ја има ќерката Лора. Денес, Сузана е горда баба на внукот Јаков, ужива со ќерката Матеа која ја доби од бракот со прерано починатиот втор нејзин сопруг Марјан Јовановиќ, таа денес е успешна писателка и жена која знае како да чекори годро во животот.
Манекенката Александра Накова, по две години брак, се разведе од кошаркарот Никола Гајдаџиев во 2017 година. Уште пред да се објави веста за разводот, Александра и Никола не живееле заедно, но разделбата ја криеле од јавноста.
Новакова, денес живее во Гевгелија и е активна на социјалната мрежа, Инстаграм.
Нашата поп дива Калиопи има два развода зад себе. Со нејзиниот прв сопруг, Ромео Грил го има синот – Пако. Неколку години по разводот, пејачката стапи во брак со актерот Васил Зафирчев. Но, и овој брак заврши со развод. Во неколку наврати Зафирчев и Калиопи јавно споделија дека денес се одлични пријатели.
Пред неколку месеци, Зафирчев во интервју за Женски магазин рече: „Со Калиопи отсекогаш сме биле пред сè добри пријатели. И секогаш не врзувал искрен однос и меѓусебно почитување. Таа ми е една од најблиските во животот. Се гледаме онолку колку што ни дозволуваат професионалните ангажмани, отсуства и патувања. Но секогаш се радуваме на можноста за заедничка средба или дружење, на кои покрај разговорот, уживаме во готвењето и убавата храна“.
Манекенката Кристина Димитријевска и пејачот Даниел Кајмакоски исто така ставија крај на бракот. Пејачот продолжи да работи и живее во Белград, додека неговата поранешна сопруга, остана во земјава и почна да реди успеси во нејзината кариера. Таа годинава беше прогласена за Мис карантин, учествуваше на неколку ревии, сними и песна за која подготви и музички спот, а годинава таа и дипломираше.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.