Звучи неверојатно, но бањата може да се реновира за малку пари, без многу труд и мајстори: Сѐ ќе завршите за два дена (ВИДЕО)

Клучно е да имате идеја нешто да промените и да се впуштите во авантура...

Веќе и самата помисла на реновирање на бањата делува скапо, а во реалноста тоа може да биде и прескапо. Реновирањето на бањата може да ве чини неколку илјади евра, а освен парите потребно е најмногу две - три недели да престојувате надвор од животниот простор, додека целата работа не се заврши.

Но, тоа не значи дека не можете да имате нова бања, бидејќи постојат поедноставни идеи кои дефинитивно помалку чинат, а штедат време, енергија и најважното - нерви.

Овој пример го покажа една жена, која покажа како со малку пари и без голем физички напор потполно да ја преуредите вашата бања. Важно е само да издвоите еден викенд и да се посветете на својата нова оаза за уживање.

Сѐ што ви е потребно се бои за керамика или плочки кои чинат околку 1.500 денари за пет квадрати површина, а кои се придружени со одмастувач и прајмер. Дополнително, доколку имате оштетени плочки, потребен ви е малку гипс за да ги потполните, четка и уште неколку работи кои сигурно ги имате во вашиот дом.

Секако, можете да ги замените огледалото, славината, држачите за крпи... но, не морате, секако нема да може да ја препознаете својата просторија во куќата.

Деталниот опис и целата постапка ја имате во ова видео:

View this post on Instagram

A post shared by Iva Radojević | Lifestyle & beauty savjeti (@avissa.cro)

фото: Принтскрин / Инстаграм