Моден фокус // Трендови
(ВИДЕО-ФОТО) Божиќна идила во домот на славната пејачка ќе ве остави без здив
Бритни Спирс која пред неколку дена го прослави 36-от роденден, во последно време изгледа убаво како никогаш досега, а причината за тоа е новата љубов, 13 години помладиот дечко Сам Асхари од кој не се разделува.
Роденден и Божиќ: изгледа дека во последниот месец во годината во домот на славната музичарка не недостигаат славенички настани бидејќи на 2 декември го прослави 36-от роденден на кој со пригодни објави и честитаа помеѓу останатите и Мадона и новиот дечко Сам.
https://www.instagram.com/p/BcGdujHF8WU/?taken-by=britneyspears
Бритни постираше симпатично видео на Инстаграм со божиќната песна ‘Let It Snow’, a нејзините обожаватели беа воодушевени од богато украсениот бор во импресивни димензии.
„Прекрасно“, „Многу, многу убаво“, „Преубаво“, - фановите пишуваа со бројни комплименти.
Инаку, нејзиниот нов дечко дал се од себе роденденот на неговата сакана да биде совршен па собата ја украсил со свеќи и балони, а на под биле посипани рози во облик на срце.
https://www.instagram.com/p/BcNopxJlB5C/?taken-by=britneyspears
„Среќен роденден драга“, се слуша во позадина на видеото кое Бритни го објави на својот Инстаграм профил. После тоа Бритни објави видео во кое како што вели ја остварила својата голема желба. На својот роденден, во црна тесна тоалета, во дневниот престој го пее хитот 'Falling In Love With You'.