Сите со нетрпение го очекуваме првиот снег, но ниските температури сепак ги ставаат во фокус модните детали. Кожните ракавици, развлечените и долги шалови но и штосните капчиња се сепак главниот акцент на зимската мода.
Во најразлични дезени, форми и бои, не можеме да си замислиме едно зимско утро без зимско капче и топло кафе за носење во рака.
Како што се менува модата, така се менува и стилот на носење капчиња. Во зависност од расположение како и вашиот личен стил, секое избрано модерно капче сепак си има свое прикладно место во целокупниот гардероба.
Денес, ви ги издвојуваме нашите омилени капчиња, искомбинирани во елегантна и секојдневна варијанта.
За Женски Магазин, Нина Беадер
Fb strana : https://www.facebo ok.com/BeaderHristina/
Web Strana : https://ninabeaderblog.wordpress.com/