Култура // Настани
Недела на дизајн во Јавна соба
Со перформансот на српскиот квартет „Артан Лили“ од Белград почна Неделата на дизајнот во Јавна соба. Сите активности се достапни секој ден од 8 до 01:00 часот, а влезот е слободен.
На 24 и 26 ноември, на презентациите во Јавна соба своите искуства и иновативни дизајнерски проекти и продукти ќе ги претстават шест врвни современи дизајнери од Унгарија.
Недела на дизајнот во Скопје е дело на „Јавна соба“ – Центар за дизајн и иновација, во соработка со меѓународната платформа Балканска мрежа за дизајн.
„Обликување на Унгарија – дизајнот во 21. век“ е изложба со која ќе се претстават 25 современи млади индустриски дизајнери, иноватори и инженери, кои на најдобар начин потврдуваат дека се потомци на генерацијата од 20. век која ги постави темелите на унгарската креативност.
Во Скопје, меѓу другите, се претставува еден од меѓународно најуспешните дизајнерски продукти Архикад (ARCHICAD) развиен од Графисофт (Graphisoft), архитектонски софтвер што го користат над 100.000 архитект во светот, како и биоархитектонските структури Калтропе (Calthrope), гарстрономскиот дизајн на Апли дизајн (Apli Design) и медицинските помагала за инхалација за деца на Ко&Ко дизајнкомјуникејшн (Co&Co Designcommunication).
Во чест на Денот на Унгарија, 26 ноември, концерт ќе има унгарскиот бенд „Михаљи Борбељи Балкан џез проект“.