Настани,
Настани
Рамсторе Македонија го прослави својот 12-ти роденден со доделување на моќниот HYUNDAI TUCSON и 12 наградни патувања
Минатата недела Рамсторе конечно ја заокружија прославата на нивниот 12-ти роденден со доделување на вредни награди. Во присуство на голем број на посетители, случајни и дојдени токму поради наградната игра, беа прочитани имињата на среќните добитници, а најсреќниот од нив Фари Фејзула од Скопје со телефонски повик му беше соопштена главната награда.
„Подарувањето е прекрасен гест кој е еден вид втемелувач на секое долго и цврсто пријателство, а посебно кога имате и голема причина за дарување, чувствата се навистина силни и вистински. Оваа година на нашите верни потрошувачи им дадовме можност да учествуваат во наградна игра каде секој од нив со сметка над 1000 денари стана потенцијален добитник на вредни награди. Сметавме дека патувањата се многу важен дел од животот и затоа се одлучивме да подариме 12 ваучери за патување од Туристичката Агенција Савана со вредност од 60.000 денари и како главна награда го подаривме на еден наш корисник моќниот Hyundai Tucson. Добитниците денес ги имаме и можеме да кажеме дека успешно заврши целиот циклус на наградната игра, од сè срце им честитаме и им посакуваме среќата на ист начин да ги прати и во иднина“, велат претставници на Рамсторе.
12 години Рамсторе маркетите се најдобар трговски ланец во регионот, за потрошувачите прв избор, за вработените посакуван работодавец, а за деловните субјекти и добавувачите доверлив партнер и општествено одговорна компанија.
Повеќе информации во врска со добитниците можете да најдете на официјалната страна на: www.ramstore.mк
Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата на доделувањето: