,

Традиционалната волшебна новогодишна елка поставена во Рамсторе Мол

Добивај вести на Viber

Традиционалниот проект “Волшебна новогодишна елка” кој Рамстор Мол неколку години по ред го организира во соработка со Црвениот Крст на град Скопје, од 01.12 е повторно активен. Во рамки на оваа кампања дечињата сместени во згрижувачки семејства ги искажуваат своите скромни желби на ливчиња во форма на лампиони кои ги закачуваат на волшебната елка поставена во трговскиот центар.  Посетителите на трговскиот центар добиваат можат да ја покажат својата хумана страна и да исполнат барем една детска желба преку нејзина реализација. Овогодинешната акција трае до 26.12.2017 година. На посебно организиран настан по завршувањето на кампањата подароците им се доделуваат на дечињата. За детската радост и насмевска не е потребно многу, затоа ајде сите да бидеме хумани, да ги исполниме желбите на овие дечиња и да им ги разубавиме новогодишните празници. Нека оваа нова година биде среќна за сите!