Ана Бунтеска: Идат деној убај
Идат деној убај
Во кои чоек на дикат си клава
Оти се’ на светов крај има
Освен вербата и мислата чиста
Која ко аманет се пренесува
На оние кои по нас идат
Идат убај деној
Во кои свети сечиј дом
И секој секому арно мисли
Со насмев и збор благ
Со благослов и надеж
За никулци убото да фати
Идат деној убај
Во кои ќе расцути душата
На оние кои збор лош не кажале
И чија кроткост плени
Та чиниш мед и медовина сторени се
Да ти е мерак во нив да се пулиш
Идат убај деној
И питоми луѓето стануваат
Поинаку очите им зборуваат
И душите поинаку им шепотат
Како молитва да говорат
За век и веков да им трае к’сметот
Идат деној убај
Во кои злото се затскрива
Како срам да го има фатено
И како да бега од луѓето
Кои се поплукуваат за скраја од нив да седи
Да здивнат во спокој и мир
Убај деној идат
А по нив уште многу ќе дојдат
Та чоек умен да биди
И да не заборави оти пред себе ветил
Дека арно ќе чини и никако поинаку
И помош ќе пружи со рака подадена
Дека ќе го љуби ближниот свој
И дека нема никому кусур да фаќа
Оти старите велат
Дека секој ден Велигден не е
Ама ете
Во срцата така да ни биди
И така секојпат да ни остани
За да не ни остини љубовта
За да не ни боледува среќата
За ден бел да видиме
И тогаш кога овие убај деној ќе минат
Во нас убото за да остани
За Женски Магазин, Ана Бунтеска