Марјана Станојковска VS Јелена Карлеуша: Едната природна, другата темпирана бомба

Убавите жени се мета на сите погледи. Трн во око на повеќето жени, рај за машките очи. Па уште ако се популарни, успешни и многу атрактивни, секако се и озборувани, гледани, коментирани… Ама  секогаш било и ќе биде така...

Убавината велат дека е дар од Бог, а тој на некому се изнадавал дарови. Ама таквата убавина треба да се негува на многу начини за да се постигне некаков златен баланс.

Ние нема да правиме кој знае какви споредби меѓу едни од најубавите дами на овие простори- водителката и модел Марјана Станојковска и српската пејачка Јелена Карлеуша. Едноставно ви ја доловуваме убавината “сервирана” на различен начин.

Впрочем, убавината е во окото на набљудувачот, ама секогаш е битно кој набљудува! Само неизбежно е да се потенцира дека Марјана е природна убавица, дури и крунисана на најпретижниот светски избор за убавина за жена со најубаво тело кое го негува постојано вежбајќи. Јелена уште кога се појави на сцената имаше одлично тело, но со текот на годините градите ги направи силиконски (барем тоа го призна) а за останатите делови само се шпекулира. Неспорно е дека и таа напорно вежба за таквата линија.

Повеќе на Машки магазин.