„Живеевме во страшни услови, имав рани од нехигиена“: Гоца Тржан се присети на тешките моменти од нејзиниот живот

Добивај вести на Viber


Гоца Тржан се присети на деновите поминати во реалното шоу и откри какво било времето поминато таму, како и дали повторно би била учесник во ваков голем проект:

- Луѓето кои одат во реални шоуа од тој тип за да се претстават, грешат на старт. Преживеан е опстанок. Кога бевме таму, немавме што да јадеме, навистина живеевме во страшни услови, се вратив со лузни на лицето, од нехигиена. Сè беше поинаку. Беше исклучително тешко, но во таква сезона повторно би се пријавила – изјави Гоца за Курир.

Да потсетиме, Гоца победи во Survivor, а како што откри по натпреварот, тоа беше една од нејзините најдобри одлуки.

- Survivor е третото најдобро нешто што ми се случило во животот, по бракот и раѓањето на ќерка ми. Се борев како змеј! Брзо се навикнав на недостатокот на храна и хигиена. Ама ако некој ми спомне ориз во наредната година ќе има тепачка! На Филипините ослабев седум килограми – рекла Гоца по пристигнувањето во Србија.

Фото:Инстаграм