Освои 10.000 евра и нов автомобил во шоу, доби син па се разведе од мисицата Кристина: Даниел Кајмакоски денес изгледа вака
Даниел Кајмакоски беше победник на првиот регионален X Factor Adria, кој се емитуваше на ТВ во 2014 година. Поради гласот на славеј, но и фактот дека потекнува од Македонија, медиумите од регионот го нарекоа новиот Тоше Проески а Даниел тогаш изјави дека Тоше му е омилен идол.
Даниел во финалето ги испеа „The Hardest Thing“ на Тоше Проески, „Angels“ на Роби Вилијамс, но и хитот со кој се претстави на првата аудиција - „Red“ од Даниел Мериведер.
Покрај титулата победник, тој доби и 10.000 евра, нов автомобил, но и основа за успешна музичка кариера. Набрзо го сними дуетот „Скопје Белград“ со неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ. Таа песна денес има 20 милиони прегледи на Јутјуб.
Кајмакоски, кој ги воодушеви сите на аудицијата во суперфиналето што се одржа во Белград, се избори за победа против уште петмина кандидати. Поради гласот на славејот, но и фактот дека потекнува од Македонија, медиумите го нарекоа новиот Тоше Проески, за кој вели дека е негов идол.
- Проески е еден од најважните луѓе во мојот живот. Отсекогаш сум ги слушал неговите песни, тој ми е пример и идол и имам намера да ја следам неговата идеја, неговите вредности, но немам намера да го копирам - претходно Даниел ги коментираше споредбите со покојниот пејач.
Многумина му предвидуваа светла иднина во светот на музиката, но последната нова песна ја објави по натпреварот пред шест години.Во меѓувреме доби син, а јавноста беше изненадена од веста што ја објави пред две години - имено сподели дека се разведува од македонската мисица Кристина Димитриевска.
Тој за медиумите коментираше дека мисли дека добар развод е подобар од лош брак.
Фото: Инстаграм.Јутјуб принтскрин