Ѝ зборуваа дека не е убава, а сега е најубавата пензионерка на светот: Има 48 години и изгледа неверојатно

Супермоделот Тајра Бенкс наполни 48 години. Манекенката која важи за една од најуспешните не изгледала секогаш толку добро

Тајра сака да кажува дека е пензионерка, иако се‘ уште е во јавниот живот, но како манекенка таа е во пензија.

Таа ја започна својата кариера на само 15 години, како првата жена со афро-американско потекло која се појави на насловните страници на списанијата GQ и Sports Illustrated. Таа ја носеше титулата „Ангел на Викторија Сикрет“ од 1997 до 2005 година. А на почетокот на овој век таа беше една од најплатените луѓе во светот на манекенството.

Сето она што Тајра Бенкс го доживеала во модниот свет го преточила во книгата „Modelland“ во 2011 година, која била една од најпродаваните, според „Њујорк тајмс“. Но, и тоа не е се‘ - таа е една од само седумте жени кои неколку пати се најдоа на годишната листа на највлијателни луѓе на планетата на магазинот Тајм.

Ја знаете и како водител и продуцент на реалното шоу „America's Next Top Model“.


Кога станува збор за нејзиниот изглед, заслужни се бројни пластични операции, а вели дека го оперирала само носот. Открила и дека со години носи перики. Таа сега гордо носи вишок килограми, а не крие дека како мала ја нарекувале „грдо пајче“.

Да потсетиме, Тајра пред неколку години објави фотографија од капче за бебе на својот Инстаграм профил. Доволно беше да се знае дека нејзиниот сон конечно се оствари, после 20 години супермоделот стана мајка.

„Подарокот за кој толку многу се молев конечно е тука. Ги има моите прсти и големите очи, а устата и брадата му се на тато Ерик. Фала му на Бога за прекрасната жена, ангелот, кој ни помогна да се реализираме како родители, а ние ќе продолжиме да се молиме за сите вас кои поминувате низ слично искуство. York Banks Asia, добре дојде сине“, напиша тогаш Тајра Бенкс на Инстаграм под споменатата фотографија.

Американската водителка и поранешна манекенка во интервјуата кои ги даваше отворено зборуваше за својата борба да се реализира како мајка, но и за решителноста која ја чувствува во себе, заколнувајќи се дека никогаш нема да се откаже.

„Кога наполнив 40 години, не бев среќна за еден факт, не станав мајка. Мислев: „Часовникот отчукува“ – рече во една прилика таа.


Тајра отсекогаш сакала бебе, на 24 години направила тригодишни планови во кои важен дел имало мајчинството. Сепак, плановите не се остварија. Беше многу зафатена и го чекаше „тоа совршено време за родителство“.


Фото: Инстаграм Тајра Банкс