210 секунди викање, пцуење и заканување дека ќе ги отпушти: Слушнете ја шокантната снимка од Том Круз која го обиколи светот

Холивудскиот актер на снимањето „Невозможна мисија 7“ му се закани на тимот со отказ, а сега протече аудио-снимка во која тој ги пцуе своите колеги

Легендарниот холивудски актер Том Круз (58) се налути на снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“ поради пропуст во протоколите против ковид, па затоа им се закани на целата филмска екипа со отказ, а сега можете да го слушнете и што им рече на своите колеги.

Имено, ѕвездата на акциониот филм ги прекори своите колеги за пропустите во социјалното дистанцирање и други правила кои овозможуваат континуирано снимање за време на пандемијата на вирусот корона, па тој луто им викаше со зборовите:

- Ако видам дека повторно го правиш тоа, отпуштен си од работа. Ако некој го стори тоа повторно од овој тим, го напушта сетот - започна тој.

- Тоа е тоа, нема извинување. Може да им се извините на луѓето што ги губат своите домови затоа што нашата индустрија се затвора. Тоа нема да стави храна на нивната трпеза, ниту ќе плати за образованието на нивните деца - додаде Том.

Слушнете ја снимката објавена на каналот YouTube, додека оригиналното аудио издание на The Sun трае 3 минути и 30 секунди.

АУДИО овде

извор:telegraf.rs